Потребно е:
400 гр тестенини (penne rigata)
200 гр чаен колбас
1 главица кромид
3 чешниња лук
1 лажица пире од домати
1 конзерва сецкани домати пелати
1 китка свеж босилек
150 гр пармезан
50 мл маслиново масло
200 гр шампињони
сол, бибер
Подготовка:
– Во подлабок сад на рингла сипете вода и малку сол и оставете да почене да врие. Ставете ги тестенините и сварете ги според упатсвото на пакувањето.
– Исецкајте го кромидот на полумесечинки и лукот на ситно. Испржете го кромидот на малку маслиново масло. По неколку минути додадете го исецканиот на тркалца чаен колбас и исто пропржете го.
– Исецкајте ги печурките на пола и продинстајте ги на малку масло околу 5 минути. Додадете го пирето од домати и пелатите. Посипете со сол и бибер и измешајте.
– Споите ги сосот со тестенините и сервирајте ги посипани со пармезан и сецкан босилек.