Потребно е:
160 гр туна од конзерва
7,5 дкг путер, на собна температура
1 зелена салата
1 мала свежа црвена пиперка
1 лимон
1 китка власец, ситно сецкан
100 гр црни маслинки
6 кришки тост леб
сол, бибер
за сосот:
3 лажици маслиново масло
1 лажица сок од лимон
малку сецкани зачински билки
Подготовка:
– Исцедете ја рибата од маслото и иситнете ја со вилушка.
– Изматете го убаво со електричен миксер путерот со сокот од лимон. Кога путерот ќе стане како пена додадете сол и бибер и повторно уште малку матете.
– Во горната смеса додадете ја туната и повторно матете за да добиете еднолична смеса како пена.
– Уште еднаш проверете го вкусот и по желба додадете сол, бибер или сок од лимон.
– Распоредете ја добиената смеса во 4 мали садови и посипете со сецканиот власец.
– Овие садови со туна ставете ги во ладилник најмалку два сата да се излади убаво паштетата.
За сервирање вклучете ја вашата фантазија, а нашиот предлог е:
– Земете четири чинии за сервирање. Во средината на секоја чинија ставете по еден сад со паштета од туна.
– Црвената пиперка исецкајте ја на коцкички.
– Кришките леб исечете ги по дијагонала да добиете 12 триаголници. По три триаголници леб наредете во секоја чинија. Одозгора посипете ги со коцки црвена пиперка. Украсете со листови зелена салата и маслинки.
– Подгответе го сосот, во лимоновиот сок измешајте го маслиновото масло, сецканите зачински билки, сол и бибер.
– Со паштетата од туна понудете го и овој сос.