Оваа паштета од целер намачкана на потпечено лепче има неодолив вкус …
Потребно е:
1 поголем корен целер, околу 300 гр
1/4 слатко јаболко, околу 30 гр
125 гр путер
1/2 лажиче сол
2 жолчки од варени јајца, издробени
1/2 помала главица кромид, изрендана на ситно ренде
на врв на нож бибер
Подготовка:
– Целерот и јаболкото исчистете ги, измијте ги и исечете ги на коцки.
– Во помало тенџере на рингла растопете го путерот и додадете ги коцките целер и јаболко и 1/2 лажиче сол. Динстајте на тивко потполно поклопено додека целерот сосема не омекне. Оставете да се излади.
– Кога ќе се излади додадете ги сварените жолчки, изренданиот кромид, на врв на нож бибер и се испасирајте со рачен миксер.
– Пробајте по вкус и по потребно додадете уште малку сол и бибер.
– Готовата паштета ставете ја во сад са служење и ставете ја во ладилник за да се стегне малку.
– По желба можете да украсите со ситно сецкано младо кромидче.