Париз е туристичка дестинација, но не и „рај“ за туристите

Од:

Марсеј, Париз и Кан се меѓу петте најнепријатни градови во светот, според листата, што ја изработи списанието „Conde Nast Traveler“.

Париз се наоѓа на чеврто место на листата најнепријатни градови, Марсеј е на петто место, а Кан на второ, зад Јоханесбург, според проценките на туристите.

Како што јави дописникот на МИА од Париз, ова истражување го поттикна британскиот весник „Телеграф“ да објави кус водич од дванаесет нешта, кои апсолутно треба да се избегнат во француската престолнина.

Француските медиуми признаваат дека станува збор за добронамерен водич и оти не е „вообичаеното британско оправдано или неоправдано потсмевање со соседите од другата страна на каналот“.

Весникот советува да се избегнат Шанзелизе (Елисејските полиња), каде има премногу меѓународни ланци на ресторани кои служат храна со превисоки цени, но и храна која не е достојна за земјата на гастрономијата.

„Телеграф“ предупредува и на нељубезноста на минувачите, тешкотиите околу превозот на децата во Париз или недоразбирањето кога еден странски турист ќе се соочи со штрајк на железницата или метрото.

За „Телеграф“ пристапот на Гар ди Норд (Северната железничка станица) на која пристигнуваат возовите Еуростар од Лондон заедно со Форумот на Халите се црната точка на Париз.

Тоа што уште помалку му се допаѓа на „Телеграф“ е снобизмот и долгите обесхрабрувачки редови, кога се чека да се јаде еден хамбургер во Бургер Кинг на Сант Лазар, единствениот Бургер Кинг ресторан во Париз.

„Телеграф“ исто така не советува да не се чека на ред пред лифотвите на Ајфеловата кула, најдобро е да се резервира или купи билетот на интернет, слично како и за влезот во Лувр, каде се чека долго време пред да се види Мона Лиза…

Овие совети сепак не ги спречија странските туристи овој дождлив август да го поминат во француската престолнина.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата