Париз е минато, Њујорк е сегашност, а Шангај е иднината

Од:

На шанкот бармен од Португалија Ве послужува со мохито, на бината настапува џез состав од Сан Франциско, а сето тоа се случува во Францускиот клварт. Се прашувата каде се случува ова? Па, секако во Шангај!

Специфичен дух, кој Шангај им го должи на различните влијанија во минатото, се чуствува на секој чекор. За разлика од поголемите кинески градови, Шангај е погоден за пешачење, па од прва рака може да се почувствува животот во градот и да се сретнаат групи луѓе кои во парковите или на улица вежбаат тај-чи.

Иако за град со таква големина очекувате да е по малку нечист и хаотичен, Шангај е вистинска спротивност на тоа. Сообраќајот сосема добро функционира и има многу паркови и дрвореди, посебно во Францускиот кварт.

Проблеми на Шангај се пренаселенсота, бучавата, загаденоста на воздухот и реките. Во 90-тите години на минатиот век тој беше прогласен за еден од еколошки најзагрозените градови во светот.

Сепак, има голем број на причини зошто би требало да се посети Шангај. Иако го викаат Париз на Истокот, денес се вели: Париз е минато, Њујорк е сегашност, а Шангај е иднината.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска