Париз доби нова летна атракција – автокиното „Синема Парадисо“

Од:

Во Париз вчера беше отворено џиновското автокино (драјв-ин) „Синема Парадисо“, што е сместено во непосредна близина на Елисејските полиња, пред величественото здание „Ле Гранд Палаис“.

Во текот на дванаесет јунски вечери на површина од дванаесет илјади метри квадратни, околу илјада Парижани и нивните гости ќе бидат во можност од автомобилите да гледаат некои од најголемите класици на светската кинематографија, пренесува Би-Би-Си.

Специјално за оваа прилика, од 10 до 21 јуни, пред зградата „Ле Гранд Палаис“ ќе биде поставено кино платното, чија површина изнесува 25 метри квадратни.

На програмата, освен француските остварувања ќе бидат и филмовите од „странска“ продукција, како што се „Таксист“, „Големиот Лебовски“ или „Враќање во иднината“.

Посетителите ќе можат да уживаат во филмовите од своите автомобили, но за оние кои тоа го сакаат, ќе бидат поставени и седишта налик на вистинските од кино. Во текот на денот целиот простор ќе биде претворен во мултимедијален простор наменет за забава, а разновидната програма почнува од 11 часот.

По прикажувањето на филмовите сцената ја преземаат познатите француски диџеи, кои посетителите ќе ги забавуваат до раните утрински часови.

Влезницата освен на влезот, може да се набави и прекусајтот FNAC, а цената се движи и до дваесет евра.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска