Во Париз вчера беше отворено џиновското автокино (драјв-ин) „Синема Парадисо“, што е сместено во непосредна близина на Елисејските полиња, пред величественото здание „Ле Гранд Палаис“.
Во текот на дванаесет јунски вечери на површина од дванаесет илјади метри квадратни, околу илјада Парижани и нивните гости ќе бидат во можност од автомобилите да гледаат некои од најголемите класици на светската кинематографија, пренесува Би-Би-Си.
Специјално за оваа прилика, од 10 до 21 јуни, пред зградата „Ле Гранд Палаис“ ќе биде поставено кино платното, чија површина изнесува 25 метри квадратни.
На програмата, освен француските остварувања ќе бидат и филмовите од „странска“ продукција, како што се „Таксист“, „Големиот Лебовски“ или „Враќање во иднината“.
Посетителите ќе можат да уживаат во филмовите од своите автомобили, но за оние кои тоа го сакаат, ќе бидат поставени и седишта налик на вистинските од кино. Во текот на денот целиот простор ќе биде претворен во мултимедијален простор наменет за забава, а разновидната програма почнува од 11 часот.
По прикажувањето на филмовите сцената ја преземаат познатите француски диџеи, кои посетителите ќе ги забавуваат до раните утрински часови.
Влезницата освен на влезот, може да се набави и прекусајтот FNAC, а цената се движи и до дваесет евра.