Париските власти ја одобрија изградбата на нудистички парк

Од:

Градскиот Совет  на Париз го одбори предлогот на Партијата на зелените за изградба на нудистички парк.

Нудистичкиот парк, што може да почне да се гради до почетокот на летото 2017 година, најверојатно ќе се наоѓа во една од двете пошумени области во градот – Булонската шума, во западниот, или Венсенската шума, во источниот дел на Париз.

Натурализмот во Париз се „развива како никогаш до сега“, изјави Дејвид Бејлер, еден од директорите на еколошката група на Градскиот совет.

Бејлер наведе дека скоро два милони Французи практикуваат натуризам, што веќе е стандардна појава во голем број европски градови, вклучувајќи ги Барселона, Берлин и Минхен.

Нудистите од Париз веќе долго се жалат на турканиците во постоечките нудистички објекти во градот. Базенот Рожер ле Гал овозможува нудизам во понеделник, вторник и среда навечер, но членовите велат дека условите таму се ужасни.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска