Парче од Берлинскиот ѕид со потпис на Реган продадено за 277.500 долари

Од:

На аукција во Њујорк, одржана синоќа, за сума од 277.500 долари е продадено парче од Берлинскиот ѕид на кое стои потписот на поранешниот американски претседател Роналд Реган.

Како што јави ТАСС, станува збор за аукција организирана од куќата „Кристис“ на која беа продавани лични предмети на Реган и на неговата сопруга Ненси.

Највисока цена на наддавањето од 319.500 долари достигна златен прстен со мали дијаманти, сафири и рубини поставени во форма на знамето на САД.

На аукцијата се понудени и некои од официјалните подароци што ги добивал Реган додека ја извршуваше функцијата претседател на САД од 1981 до 1989 година, меѓу кои се и сервис што му го подарила некогшната британска премиерка Маргарет Тачер, слика – подарок од кинеските власти и часовник за на работна маса, што му го подарил Френк Синатра,

Аукцијата на предметите на Роналд и Ненси Кенеди ќе продолжи и денеска. Сите средства заработени од наддавањето ќе завршат на сметката на Претседателскиот фонд „Роналд Реган“.

Би можело да ве интересира

Марк Нопфлер ја продава својата колекција гитари

Дрес на Марадона на аукција – почетна цена 4.000.000 фунти

А1он

Фотографија од Мен Реј на аукција по почетна цена од рекордни пет милиони долари

А1он

Најголемиот црн дијамант продаден за 3,8 милиони евра

Ана Ололовска

Првата СМС порака е продадена за 107.000 евра

А1он

Научен запис на Алберт Ајнштајн продаден за над 11 милиони евра

Ана Ололовска