Папаз со уникатна ревија на Моден викенд Скопје

Од:

„Враќање на антихеројот” е насловот на првата официјална есен-зима колекција на модното име „Папаз“ која беше презентирана на Моден викенд Скопје. Испровоциран од нетипичниот пристап за испиранција, дизајнерот Андреј Папаз Ѓоргиевски како појдовен го зема ликот на Медеја, од чиј карактер се материјализира цела колекција.

Богатата палета од квалитетни материјали обоени во беж нијанси, па се до потемни кафеави и црни тонови, прави секое парче облека да биде стилизирано и збогатено со раскошни текстури и суптилни детали. Женствената силуета сугерира на повеќе варијации на драпеа и елегатно модерни кроеви.

Папаз ревија 2

– Темата за колекцијата неколку години беше заклучена во фиока, а активниот ангажман се случуваше во текот на цела оваа година. Кога се оди по план, квалитетот е неизбежен. Да се подготви еден ваков настан, колекција, ревија и се она што е зад сцената е вистински предизвик. Среќен сум што можам да се потпрам на своето искуство, а заедно со тимот на Моден викенд Скопје, со ревијата успеавме да допреме директно до љубителите на модата, вели Папаз.

Според него, совршениот лик за колекцијата е секоја несовршена личност која се спротивставува на толпата. Колекцијата се занимава со внатрешниот човечки изглед, кој го трансформира и бескомпромисно го прикажува онаков каков што е, храбар, незапирлив, неуништлив. Да се освои толпата и да се продолжи заедно со неа, вели, е херојство, но храбро да и се заврти грбот и без двоумење да се продолжи, е мисија на реткиот антихерој.

Папаз креатор

Музиката на ревијата е на Димитар Андоновски, а изработката е на студио „Матра”. Оваа колекција е финансирана од Министерство за култура на Република Македонија, спонзорирано од Securicom и Pixel print.

Би можело да ве интересира

Драматично издание на Мадона на ревијата во Милано: Пристигна со круна на главата

Предраг Петровиќ

Стоп на новата мода, некој треба да се уапси, доаѓаат најгрдите чизми

Предраг Петровиќ

Јапонија низ креации на македонски дизајнери – Алшар, Ивановски, Маригуча и Технолошкиот факултет со свои креации на Нихон-Џи 2.0

Ана Ололовска

Познатата манекенка се сликаше гола за Велигден: поради скандалозната фотографија ги исклучи коментарите, не можеше да ги поднесе навредите

Ана Ололовска

Поранешна манекенка колабираше на работа и почина – имаше само 25 години

Горан Наумовски

Најпознатите македонски модели блеснаа во комбинации од Fashion Group

Горан Наумовски