Папата пак лајкува манекенки на Инстаграм, луѓето велат: само се восхитува на Божјите креации

Од:

Откако папата Франциск минатиот месец беше „фатен“ како го стиснал копчето „лајк“ на провокативна фотографија на бразилската манекенка Наталија Гарибото, пред неколку дена повторно се случи истото.

Друга манекенка, Марго Фох, сега се пофали дека папата со својот лајк „го благословил“ и нејзиниот профил.

„Еј, ова сум јас“, напиша Фох во вторникот под скриншот од објавата на кој се гледа лајкот што пристигнал од верификуваниот папски профил, кој на Инстаграм го следат 7.5 милиони луѓе.

Ватикан претходно бараше објаснување од Инстаграм околу „лајкот“ на фотографијата на Гарибото, но и појасни дека „лајкот“ сигурно не дошол лично од папата Франциск, туку од некој во големата екипа што ги одржува профилите на Светата столица на социјалните мрежи.

Бројни шеги на Твитер го одбележаа повторениот „престап“ на папата, а дел од коментарите велат и дека светот треба да го остави на мира верскиот водач, затоа што тој само им се восхитува на Божјите креации.

Би можело да ве интересира

Нов проблем со апликациите „Вотсап“ и „Инстаграм“

Инстаграм повторно „падна“

Горан Наумовски

Г. г. Стефан во посета на Рим и Ватикан, денеска на средба со папата Франциск

Папата Фрациска повика на итно отворање коридор за цивилите од Газа

Промоција на книга од папата Франциск на македонски јазик

(ВИДЕО) Сталоне во Ватикан, разменија боксови со папата: Ги гледав твоите филмови

Предраг Петровиќ