Исхрана заснована на месо и млечни производи и фрлање вишок храна придонесуваат за многуте опасности поврзани со климатските промени, се вели во извештај на Меѓувладиниот панел на ОН за климатски промени (IPCC). Тоа научно тело има за цел да ги охрабри потрошувачите да ги променат навиките пред да биде предоцна.
Меѓувладиниот панел за климатски промени (IPCC) се залага за глобална промена кон потрошувачка на житарки, овошје и зеленчук и помалку потрошувачка на месо, истакнувајќи дека тоа ќе ги намали емисиите штетни гасови и плодната земја може да се искористи на целосно одржлив начин.
Научниците велат дека одамна ја напуштиле идејата експлицитно да ги „туркаат“ луѓето да станат вегани или вегетаријанци. Тие веруваат дека ако поединци ја намалат потрошувачката на месо, со обработување на помала површина на земјата може да прехрани многу повеќе од жителите на нашата планета.
-Ние не ги советуваме луѓето да престанат да јадат месо, затоа што на некои места тие едноставно немаат друг избор. Сепак, очигледно е дека западните земји претерано реагираат на ова, вели професорот Пит Смит, еколог од британскиот Универзитет во Абердин.
Во документот, изработен од 107 научници од Меѓувладиниот панел на ОН за климатски промени, се вели дека, доколку се користи поефикасно, земјата би можела да прими повеќе јаглерод отколку што го испуштаат луѓето.