Популарната убавица од 90-те години на минатиот век, Памела Андерсон, се прослави со разголените фотографии, улогата во серијата „Чувари на плажата“ и голем број скандали, но и долгогодишната соработка со организацијата ПЕТА која се залага за заштита на правата на животните.
Поттикната од нејизната љубов кон животните, Памела реши да се испроба и во улогата на дизајнер и тоа на чевли од веганско потекло.
За таа цел 48-годишната Памела се здружи со францускиот дизајнер Амели Пишар и направи колекција од седум рала чевли, јави „Фешанист“.
Чевлите се инспирирани од стилот на 90-те, но и од омилените места на Памела – Сен Тропе и Малибу.
– На некој начин ги споивме овие мои две омилени места. Размислувавме кои се најпрактични секси чевли? Нешто што не е ниту превисоко, ниту прениско, а што може да се носи и на брод и во клуб, изјави Памела.
Сите чевли се изработени од материјал кои се 100 отсто вегански и не содржат отрови и и овозможуваат на кожата да дише. Покрај седумте рала чевли, Памела промовираше и торба за на плажа.
Таа најави дека 10 отсто од секоја продажба ќе оди во фондот за заштита на животните.
Чевлите и не се толку секси, но Памела се потруди да сними „турбосекси“ кампања во нејзин препознатлив стил.