Лесно се подготвува, а неуспехот е скоро невозможен …
Потребно е:
за палентата:
150 гр полутврдо козјо сирење
250 гр палента
1 л вода
сол, по вкус (зависи од соленоста на сирењето)
10 гр путер
за карамелизираниот кромид:
2 поголеми главици кромид
маслиново масло
10 гр путер
2 лажици балзамико оцет
1 лажица кафеав шеќер
прстофат сол
Подготовка:
– Прво почнете со подготовка на палентата. Тава за печење со димензии 30х20 см обложете ја со хартија за печење. Сирењето крупно изрендајте го.
– Во сад на рингла сипете ја водата, додадете сол и путер и оставете да почне да врие. Сега додадете ја палентата и мешајте 3-4 минути додека да се добие густа маса. Сипете го ренданото сирење, измешајте и сипете ја палентата во тавата. Оставете ја неколку часа потполно да се излади.
– Изладената палента исечете ја на облици по желба и наредете ги во тава обложена со хартја за печење. Секое парче премачкајте го со маслиново масло.
– Тавата ставете ја во загреана рерна на максимална температура и тоа најгоре и печете додека да добијат златна боја.
– За подготовка на кромидот, исецкајте го на полумесечини. Во тава сипете 2 лажичиња маслиново масло и путер. Кога ќе се растопи путерот додадете го кромидот и динстајте на седна температура додека потполно не омекне, некаде околу 15 минути, со повремено мешање.
– Кога ќе омекне кромидот додадете го оцедот и шеќерот и динстајте уште околу 5 минути или додека да испари оцедот.
– Палентата и карамелизираниот кромид послужете ги топли со салата по желба.