Палата во предградие на Њујорк продадена за рекордни 147 млн долари

Од:

Палата на њујоршкиот остров Лонг Ајленд е продаден за 147 милиони американски долари што претставува рекорден износ на американскиот пазар на недвижности, пишуваат во саботата американските медиуми.

Раскошниот имот се наоѓа во престижната дестинација за одморање Ист Хемптон, опфаќа површина од речиси 7,3 хектари заедно со градини и езерце. Претходниот сопственик на имотот бил Кристофер Браун, извршен директор на инвестициските фондови „Tweedy” и „Browne”, кој почина во 2009 година. Наследниците на Браун, според американските медиуми, за да заштедат на провизија, ја продавале палатата без посредници.

Новиот сопственик на имотот е челникот на хеџ фондот „JANA Partners”, Бари Розенстин, Неговата компанија, основана во 2001 година, управува со средства во вредност од 4,5 милијарди долари. Според процените на магазинот Forbes, Розенстин во 2013 година заработил околу 140 милиони долари.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска