Малку подолго трае подготовката, но резултатот е феноменален …
Потребно е:
за поховање:
150 гр лебни трошки
1 јајце
100 мл млеко
малку сол
за палачинките:
1 јајце
прстофат сол
прстофат шеќер
130 гр брашно
300 мл млеко
за филување:
150 гр спанаќ
150 гр свежо кравјо сирење
2 лажици кисела павлака
1 јајце
1 лажиче сол
Подготовка:
– Јајцето со малку сол и шеќер убаво изматете го со маталка. Полека додадете го брашното и млекото со постојано матење додека да добиете глатка смеса.
– Убаво загрејте ја тавата, додадете малку масло и испечете ги палачинките.
– За подготовка на филот, кратко сварете ги листовите спанаќ. Исцедете ги убаво. Ситно исецкајте ги.
– Во еден сад ставете ги сецканите листови спанаќ, сирењето, павлаката, јајцето и солта и убаво измешајте.
– Нанесете го филот во тенкок слој на секоја палачинка и завиткајте ги.
– Така подготвените палачинки увалкајте ги во лебните трошки, потоа во смеса од разматено јајце и млеко и повторно во лебните трошки.
– Пржете ги кратко во повеќе загреана масло, од двете страни додека да добијат златно-кафена боја. извадете ги на кујнска хартија и оставете да се впие вишокот маснотија.