Вкусни и хранливи …
Потребно е:
1 јајце
3 лажици остро брашно
2 лажици меко брашно
млеко, по потреба
прстофат сол
1 лажица масло
1/2 лажиче шеќер
готова тахини паста (таан)
шумско овошје
мед
банана
јогурт
Подготовка:
– Во еден сад измешајте ги јајцето, брашната, млекото, маслото и сол и шеќер.
– Испржете ги палачинките во малку намастена тава.
– Намачкајте ги со тахини паста и мед.
– Во блендер ставете ги шумското овошје, бананата, мед и јогурт и убаво измелете ги.
– Сервирајте ги филуваните палачинки со здравото смути од шумско овошје.