Палачинки со банани

Од:

Брзи и едноставни палачинки без јајца …

Потребно е:
2 банани
100 мл млеко
1 лажиче прашок за пециво
1/4 лажиче цимет во прав
сол
малку масло
100 гр брашно

Подготовка:
– Изгмешете ги бананите со вилушка во чинија. Додадете го млекото и полека измешајте.

– Во еден сад измешајте ги брашното со прашокот за пециво, малку сол и цимет.

– Во смесата со брашно додадете го млекото со банани во него, полека измешајте. Ако има потреба додадете уште малку млеко.

– Загрејте го маслото во една тава (може да користите и кокосово масло). Со голема лажица ставајте од смесата на загреаното масло во тавата. Секоја страна печете ја по две минути. Палачинките треба да бидат крцкави.

– Сервирајте ги топли.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска