Палачинки од блитва

Од:

Овие колоритни палачинки потполно ќе ве освојат со својот вкус …

Потребно е:
150 гр пченично бело брашно
2 јајца
250 мл млеко
1 лажиче прашок за пециво
1 прстофат сол
1 врзоп блитва

за филот:
250 гр свежо кравјо сирење
100 гр кисела павлака
1 пиперка
8 чери домати
листови власец
сол, бибер
чили во прав
100 гр пилешки гради, салама

Подготовка:
– Блитвата исчистете ја, измијте ја убаво и кратко ставете ја да се вари во врела вода. Изладете ја под млаз ладна вода и ситно исецкајте ја или може и да ја изблендирате.

– Во еден сад измешајте ги сите состојки за палачинките и на крај додадете ја и блитвата и убаво измешајте. Смесата оставете ја во фрижидер да стои околу 30 минути.

– За тоа време подгответе го филот. Измешајте ги сирењето и киселата павлака во кремаста смеса. Исецкајте ги ситно пиперката и доматите и додадете ги во смесата со сирење и павлака. Зачинете по желба и измашајте убаво. Ставете го филот во фрижидер убаво да се излади.

– Испечете ги палачинките и оставете да се изладат. Изладените палачинки филувајте ги така што на половина од палачинката ќе стравите од филот, потоа едно парче пилешки гради исечено на пола и ставено вертикално на филот. На крај замотајте ја палачинката.

– Готовите палачинки ставете ги во фрижидер да се стегнат, а потоа исечете ги по желба и послужете.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска