Фини колачиња со овошно полнење …
Потребно е:
100 гр меко брашно
50 гр остро брашно
100 гр ладен путер
50 гр шеќер
за кремот од лимон:
2 јајца + 1 жолчка
150 гр шеќер
60-70 гр путер
сок и изрендана кора од 1-2 лимони
за смесата од јаболки:
1 поголемо или 2 помали јаболки
1 лажица шеќер
прстофат цимет
1 лажица суво грозје
за посипување:
шеќер во прав
Подготовка:
– Путерот изрендајте го на крупно или тенко исецкајте го и додадете ги брашната и шеќерот, прстофат сол и брзо замесете тесто (за да не се отпушти путерот). Тестото завиткајте го во пластична фолија и ставете го најмалку 1 час во фрижидер.
– За кремот од лимон, на пареа ставете ги да се варат јајцата, жолчката и шеќерот. Со постојано матење додадете ги маслото, изренданата кора и сокот од лимон. Варете со постојано мешање околу 20 минути додека да се згусне смесата. Оставете убаво да се излади.
– За смесата од јаболки, во сад на рингла ставете ги јаболките исецкани на мали коцки, шеќерот и сувото грозје и и динстајте неколку минути додека да омекнат јаболките. посипете со цимет и оставете да се излади.
– Тестото ставете го на малку набрашнета работна површина и со сукало развлечете го со дебелина околу 5 мм. Вадете кругови колку што се калапите за мафини.
– Намастете ги малку калапите за мафини и втиснете го тестото во секој од нив.
– Тестото на дното избоцкајте го со вилушка.
– Наполнете ги прво со смесата од јаболки и дополнете ги со кремот од лимон.
– Ставете да се печат во загреана рерна на 180 целзиусови степени околу 20 минути.
– Оставете ги да се изладат 10-тина минути во калапите, извадете ги и посипете со шеќер во прав.