Овошни мафини со јагоди и крем сирење

Од:

Сочни од крем сирењето во нив, крцкави и мирисни поради циметот, а овошни од јагодите …

Потребно е:
за мафините:
230 гр брашно
125 гр шеќер
1 лажиче прашок за пециво
1/2 лажиче сода бикарбона
на врв на нож сол
1 кесичка ванилин шеќер
1,5 јајце
кисела павлака (200 мл)
80 мл (1/2 чаша) масло

за филот од сирење:
125 гр крем сирење
1/2 јајце
50 гр шеќер
1/2 кесичка ванилин шеќер
1 полна лажица прав за пудинг од ванила (или пак 1 лажица нишесте)

за посипување:
50 гр шеќер
50 гр брашно
30 гр путер
1 лажиче цимет

и уште:
250-300 гр јагоди

Подготовка:
– За да ја направите смесата за посипување во еден сад измешајте ги брашното и шеќерот со циметот. Во ова додадете го на тенки ливчиња исечениот путер и со триење со раце направете ситни трошки за посипување. Садот ставете го фрижидер додека ги подготвувате останатите состојки.

– Сега преминете на подготовка на филот од сирење. Во целиот рецепт одат 2 јајца. Затоа изматете ги со вилушка и одвоите малку за кремот од сирење. Во еден сад ставете ги крем сирењето, 1/2 јајце (кое претходно го одвоивте од изматените јајца), шеќер, пудинг (или нишесте) и измешајте убаво да нема грутчиња.

– За мафините помешајте ги сите суви состојки. Во друг сад ставете ги преостанатите состојки, изматете и подоа додадете ја смесата со суви состојки. Измешајте со лажица за да се соединат состојките и да добиете хомогена смеса.

– Јагодите исецкајте ги на ситни коцки.

– Во отворите за мафини на калапот ставете хартиени кошнички за мафини. Прво ставете по една лажица од смесата за мафини во секоја кошничка. Потоа распоредете половина од сецканите јагоди, па од филот од сирење. Посипете со трошките. Сега повторно ставете по една лажица од смесата за мафини, повторно сецкани јагоди и на крај посипете со трошките.

– Вака подготвените мафини ставете ги да се печат во загреана рерна на 180 целзиусови степени додека не добијат убава златно-жолта боја.

Идеја: Јагодите можете да ги замените со малини.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска