Овошна Шарлота

Од:

Шарлота е колач обложен со пишкоти и меко, кремасто полнење …

Потребно е:
150 гр пишкоти
1 кесичка пудинг од ванила
500 мл млеко
50 гр шеќер
1 кесичка желатин
50 мл вода
200 мл слатка павлака

за послужување:
1 банана
1 киви
100 гр јагоди

Подготовка:
– Еден долгнавест калап од внатре обложете го со пластична фолија.

– Пишкотите исечете ги на пола и наредете ги странично во калапот така што закривената страна на пишкотите да биде свртена надоле во калапот.

– Пудингот сварете го според упатството на кесичката и оставете го да се излади.

– Желатинот растворете го во ладна вода и оставете го да отстои 10-тина минути.

– Слатката павкака изматете ја во густ шла, додадете ја во пудингот и измешајте.

– Желатинот растопете го на рингла и додадете го во пудингот, измешајте и веднаш сипете во калапот. Израмнете ја површината и ставете го калапот во фрижидер убаво да се излади барем 2 часа.

– Потоа извадете го од фрижидер и превртете го на правоаголна чинија за сервирање. Тргнете го калапот и фолијата.

– Овошјето исечете го на тенки парчиња, наредете го над колачот и послужете.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска