Потребно е:
1 француски леб (багет)
280 гр маскарпоне сирење (вид италијанско крем сирење)
300 гр зрнесто овошје по избор (боровници, малини, исецкани јагоди…)
мед
масло
Подготовка:
– Загрејте ја рерната на 180 целзиусови степени.
– Лебот исечете го на тенки кришки и наредете ги на намастена тава за печење.
– Секоја кришка премачкајте ја со малку масло и ставете ги да се потпечат во рерна околу 5 минути или додека не добијат златна боја.
– Извадете ги од рерна и оставете ги да се оладат околу 3 минути.
– Премачкајте ги кришките со маскарпоне сирење и над сирењето ставете од овошјето.
– Посипете ги со малку мед и послужете.