„Овчарска“ пита

Од:

Традиционално англиско јадење кое некогаш им се подготвувало на овчарите за ручек.

Потребно е:
100 гр кромид, ситно сецкан
150 гр морков, сецкан на тенки стапчиња
150 гр корен од целер, сецкан на тенки стапчиња
50 мл масло
650 гр мелено говетско месо
1 лажица ворчестер сос
1 лажица пире од домати
1 лажица мелен сув зачин
500 мл вода
1 кг компири
100 гр путер
175 мл млеко
сол, бибер

Подготовка:
– Морковот, целерот и кромидот ставете ги да се пржат на врело масло околу 5 минути да добијат убава боја.

– Додадете го меленото месо и динстајте се заедно со постојано мешање 7-8 минути.

– Додадете го ворчестер сосот, доматното пире и 1 лажица мелен сув зачин.

– Динстајте со постојано мешање 1 минута и потоа додадете ја водата.

– Јадењето варете го на средна температура 30-тина минути додека не испори скоро целата течност.

– Во меѓувреме направете го пирето од компири. Излупете го и измијте го убаво компирот. Исецкајте го на копцки и ставете го да се вари во солена вода.

– Варениот компир исцедете го од водата, испасирајте го и додадете му 60 гр путер и врело млеко и убаво измешајте го. По вкус додадете му сол ако е потребно.

– Во намастен кружен сад за печење (може огноотпорен, керамички, земјан) прво ставете го подготвеното месо, а одозгора распоредете го рамномерно пирето од компири.

– Растопете го преостанатиот путер и со него премачкајте го пирето од компири.

– Ставете го да се пече во претходно загреана рерна на 200 целзиусови степени околу 35 минути.

– Извадете го од рерна и послужете на листови зелена салата.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска