Ова се најдобри седишта во авионот – во зависност од потребите

Од:

Постојат совршени денови за да букирате билет и совршено време за доаѓање на аеродромот. Меѓутоа, каде се наоѓа совршеното седиште во авионот?

Неодамнешната студија, која ја спроведе авио-компанијата изиЏет (easyJet) тврди дека го пронашла најдоброто седиште во авионот: 7Ф, а причината за тоа е затоа што најдобро се продава.

Меѓутоа овие резултати не се во согласност со претходното истражување, кое го спроведе Скајскенер, кој тврди дека 6А е најдоброто седиште.

Значи кое е најдоброто седиште во авионот? Се зависи од тоа што барате:

Кога е безбедноста во прашање, изберете седиште во задниот дел на авионот

Студијата, која ја спроведе Популар Механик откри дека патниците, кои седат во близина на опашката на авионот имаат 40 отсто повеќе шанси да преживеат несреќа во споредба со оние кои седат во првите неколку редови.

Ако сакате да спиете, одберете седиште покрај прозорецот од левата страна на авионот, во средишниот дел на леталото

Лицата, кои често пати летаат тврдат дека прозорците не се центрирани од левата страна, што им овозможува подобро да ја постават главата кога ќе спијат. А бидејќи се наоѓаат во средина, немаат проблеми со луѓето кои стојат во редови за тоалет.

Ако ви треба простор за некои работи најдобро е да изберете седиште на крајот од авионот

Голем број авио-компании ја почитува процедурата „од зади кон напред“ за ставање на работи, така да доколку вашето седиште е на крајот на авионот, ќе имате прилика први да го бирате просторот за сместување, кој е наоѓа над седиштата.

Доколку сакате брзо да го напуштите авионот, изберете го предното седиште од левата страна на авионот

Ова се однесува на напуштањето на авионот. Лицата, кои се наоѓаат во првите редови секогаш меѓу првите го напуштаат авионот, а со оглед на тоа дека вратата за излез се наоѓа од левата страна, ова е сосема логичен избор.

Ако ви треба простор за нозете, изберете седиште до преминот близу помошниот излез

Седиштата, кои се блиску до помошните излези нудат повеќе простор од останатите авиони, а бидејќи сте покрај преминот, ќе имате дополнителен простор за нозете.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска