Отворена прва „женска плажа“ во Чеченија

Од:

Чеченските власти вчера свечено ја отворија првата плажа наменета за жени и тоа во претежно муслиманскиот регион на Русија.

Користењето на плажата, направена на периферијата на главниот град на руската Република Чеченија, Грозни, во согласност со исламските прописи, нема да биде дозволено за мажи за кои плажата ќе биде отворена подоцна.

Според извештајот на веб страната на лидерите на руската Република, Рамзан Кадиров и чеченската влада на брегот на „Грозњенското море“ во селото Алди е отворен женски рекреативен центар „Лагуна“ каде се наоѓа плажа само за жени и момчиња до 12 години.

Според зборовите на претставниците на Центарот Петимат Агајев, капацитетот на Центарот е повеќе од илјада лица, а персоналот целосно ќе се состои од лица од женскиот пол.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска