Откриено потонато праисториско село на Пелопонез

Од:

Група археолози, кои работат под покровителство на Археолошкиот факултет при Универзитетот во швајцарскиот град Женева, во Арголидскиот Залив на грчкиот полуостров Пелопонез открија потопено село од праисторискиот период.

Археолозите, кои уште од лани вршат истражувања на локалитети во реонот на градот Арголида, соопштија дека откриле докази за постоење на човечки населби во ова подрачје уште во праисторијата.

Потонатото село кое зафаќа површина од 12 декари, се наоѓа на длабочина од еден до три метри под површината на Егејското Море.

Археолозите на овој локалите пронашле остатоци од куќи, дел од заштитен ѕид, како и музички инструменти и други предмети.

Се проценува дека селото датира од третиот милениум пред новата ера.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска