Група научници неодамна открија фосил што му припаѓал на диносаурус, кој најверојатно бил најголемо суштество кое некогаш живеело на Земјата.
Покрај, диносаурусот наречен Патаготитан, Tи-рексот изгледал како мачка, бидејќи ова суштество било тешко 76 тони, колку еден спејс шатл.
Овие остатоци се пронајдени во јужниот дел на Аргентина, а утврдено е дека им припаѓаат на групата големи диносауруси познати како титаносауруси.
Истражувачите му го дале името на диносаурусот по областа Патагонија, каде се пронајдени фодилите, и грчкиот збор „titan“ кој значи „големо“.
До сега се пронајдени шест фосили од овој вид. кој живеел на Земјата пред 100 милиони години. Во просек тие животни биле долги 37, а до рамењата високи шест метри.