Откриена слика од кенгур стара 17.300 години во Австралија

Од:

Австралиски истражувачи го открија најстарото уметничко дело во земјата, врежано во карпа – кенгур насликан пред 17.300 години. Двометарското дело е нацртано со црвена боја, објави Би-би-си.

Сликата во карпа е пронајдена во областа Кимберли во Западна Австралија, познат по своите слики во карпи од Абориџините. Наодот е објавен во списанието „Нејчр хјуман бихејвиор“.

Научниците сметаат дека ова е најстарото недопрено уметничко дело во Австралија.

На почетокот на оваа година, истражувачи ја пронајдоа и најстарата слика во пештера во светот – свиња во природна големина. Таа е стара 45.000 години, и се наоѓа на островот Сулавези, во Индонезија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Сонда на НАСА со примерок од астероидот кој има најголеми шанси да удри во Земјата, успешно слета

А1он

ОН: Озонската обвивка постепено се обновува

Ана Ололовска

Денеска почнува зимата

Ана Ололовска

ЕСА разгледува можност за пренос на енергија од вселената на Земјата

А1он

Научна студија: Никаде на Земјата дождовницата не може да се пие

Ана Ололовска

Ден на планетата Земја 2022: Инвестирајте во нашата планета

Ана Ололовска