Новата планета која ја открија астронаутите изгледа како помлад брат на Јупитер, а од Земјата е оддалечена 100 светлосни години. Веќе доби и име 51 Еридани б, а стара е само 20 милиони години, па вселенски се смета за вистинско бебе.
Но, овој свет може да ни даде многу информации за основање на нашиот систем. Научниците го откриле со помош на Gemini Planet Imagera (GPI), систем кој открива млади планети анализирајќи ја светлоста која ја емитираат. За разлика од Кеплер кој планетите ги открива така што ја анализира сенката која ја фрлаат на сопствените ѕвезди, GPI ја гледа планетата и може да детектира светови кои се наоѓаат многу подалеку од сопствените ѕвезди. Тој систем на научниците откри и дека бебето Јупитер има најсилна трага на метан на некоја нова откриена планета, а на гасовитиот џин детектираа вода.
Токму ова откритие на метан, кој доминира и на Јупитер, ќе помогне на астрономите за да откријат како се развиваат вакви гасовити џинови. Масата на планетата е двојно поголема од нашиот Јупитер, а околу својата ѕвезда орбитира на оддалеченост на која е Сатурн во нашиот систем.