За сите кој сакаат вкусни и сочни колачи со овошје …
Потребно е:
за бисквитното тесто:
400 гр исчистени мандарини
4 јајца
100 гр маргарин
300 гр шеќер
250 гр брашно
1/2 кесичка прашок за пециво
за кремот од сирење:
200 мл слатка павлака
200 гр крем сирење
5 лажици шеќер во прав
1 лимон шеќер
Подготовка:
– Излупете ги мандарините и иситнете ги во блендер.
– Путерот кој е на собна температура изматете го со шеќерот и јајцата.
– Постепено додадете го брашното помешано со прашокот за пециво и иситнетите мандарини. Со дрвена лажица убаво измешајте.
– Смесата сипете ја во калап за печење (20х30 см) обложен со хартија за печење.
– Ставете да се пече во загреана рерна на 180 целзиусови степени околу 30 минути.
– За тоа време подгответе го кремот од сирење. Изматете ја слатката павлака и додадете ги крем сирењето, шеќерот во прав и лимон шеќерот. Уште еднаш убаво изматете да добиете глатка смеса.
– Печениот колач оставете да се излади и премачкајте го одозгора со кремот од сирење.