Хранлива освежителна салата …
Потребно е:
500 гр тестенини по желба
2 пиперки (во боја)
250 гр чери домати
1 краставица
1 мала конзерва пченка
200 мл кисела павлака
100 мл мајонез
200 мл немасен јогурт
сол, бибер
свеж власец
по желба туна, пилешко месо, мисиркино месо
Подготовка:
– Тестенините сварете ги ал денте и оставете ги да се изладат.
– За тоа време подгответе го зеленчукот. Измијте ги пиперките и чери доматите. Краставицата излупете ја и ситно исецкајте ја. Пченката исцедете ја од вишокот течност.
– Зеленчукот додадете го во изладените тестенини.
– За прелив измешајте ги јогуртот, павлаката и мајонезот и ова прелијте го над салатата. Полека измешајте и посипете со сецкан власец.
– По желба може да додадете во салатата туна или сецкано пилешко или мисиркино месо.
– Послужете ја убаво изладена.