Многу освежителен напиток за слабеење …
Потребно е:
2-3 јаболки
4 стапчиња цимет
околу 1 л вода
2 стаклени тегли
Подготовка:
– Јаболките ислупете ги, исечете ги на тенки кругови или листови и распоредете ги во теглите.
– Во секоја тегла ставете по 2 стапчиња цимет и сипете вода така да целата содржина во теглите биде потопена во вода.
– Затворете ги теглите со капаци и оставете ги преку ноќ во фрижидер.
– Во водата можете да исцедите и малку сок од лимон.
– Од овој напиток пијте по 1 чаша секое утро. Кога ќе ја потрошите течноста повторно сипете вода во теглите и оставете да преноќи.
– Овој напиток е добар за слабеење, дава енергија и е многу освежителен.