Остров број 1 во светот

Од:

Романтичниот остров Бора Бора е прогласен за број 1 во светот од уредниците на „U.S. News & World Reporta.“
Што е толку посебно на овој остров?

Се наоѓа помеѓу Перу и Австралија. Од Перу е оддалечен 8. 197 километри, а 5.981 километри од Австралија. И покрај толкавата далечина тој е многу популарна туристичка дестинација.

Долг е 10 километри, а широк само три. Воопшто не е проблем туристите да земат велосипед и да тргнат во запознавање на секоја негова убавина.

Многубројните лагуни ретко кој ќе го остават рамнодушен, а тука се и двата вулкани како една од главните туристички атракции.

Малку похрабрите имаат прилика да ги нахранат ајкулите во вода, се разбираа тие се од другата страна на кафезите.

Главниот град на островот е Ваитап, а туризмот е единствената дејност. Се зборува најчесто на француски и италијански, а некои од жителите зборуваат и на англиски јазик.

Главиот специјалитет на островот е „поасон“, што всушност е сурова туна со лимон и кокосово млеко.

Кога ќе се спомне Бора Бора веднаш на ум паѓаат многуте бунгалови опкружени со убавината на синото море. Тоа навистина е така, но една ноќ во овие бунгалови чини 1.000 долари.

Би можело да ве интересира

Прогласени најдобрите дестинации во светот за ноќен живот

Предраг Петровиќ

„Руси доaѓајте, сметаме на вас“

Предраг Петровиќ

Туристичките капацитети за празниците исполнети до 80 отсто

Горан Наумовски

Јаневски поднесе оставка од функцијата директор на Агенцијата за туризам

Катерина Ѓуровски

Во земјава нема доволно кустоси, странски водичи раскажуваат поинаква историја за нашите локалитети

Катерина Ѓуровски

Продолжениот Велигденски викенд повеќе од половина ќе ги исполни сместувачките капацитети на охридското крајбрежје

Ана Ололовска