Оригиналната работна верзија на ракописот на митската класика на американската поп музика, „Американска пита“ („American Pie“) на кантавторот Дон Меклион, е продадена на аукција во Њујорк за 1,2 милиони долари, објави аукциската куќа „Кристи“.
Една од најпознатите песни на 20-от век сепак не успаа да ја достигне рекордна цена од два милиони долари, која минатата година ја постигна рачно напишаниот текст на песната „Like A Rolling Stone“ на Боб Дилан.
– Постигната е цена што ја потврдува креативната генијалност на Дон Меклион и е доказ на испиративната моќ на песната, изјави претставникот на „Кристи“, Том Леки.
„Кристи“ соопшти дека ова е трета највисока сума платена за оригинален текст на некоја песна.
Името на купувачот не е објавено.