Оригинален сладолед

Од:

Потребно е:
500 мл
 незасладено кондензирано млеко
150 гр шеќер
3 кесички ванилин шеќер
5 жолчки

Подготовка:
– Во еден сад ставете ги жолчките и додадете шеќерот, ванилин шеќерот и 6-7 лажици кондензирано млеко. Измешајте со лажица и оставете го настрана.

sladoledPodgotovka

– Во помало тенџере ставете го кондензираното млеко и загрејте го до вриење. Тргнете го тенџерето од рингла. Во млекото додадете ги претходно подготвената смеса од жолчки. Вратете го садот на рингла и со постојано мешање варете ги млекото и јајцата на тивко додека не почнат повторно да вријат, а потоа уште една минута, за да смесата добие густина како поредок јогурт. Тенџерето тргнете го од рингла и оставете смесата да се излади на собна температура, а потоа уште неколку часа или преку ноќ во ладилник.

– Извадете ја смесата од ладилник и сега следува замрзнувањето на сладоледот. Ако имате машина за сладолед тогаш ставете ја смесата во машината. Но ако немате тогаш замрзнете го сладоледот според постапката што следи. Овој чекор и многу важен затоа што со постапката што следи ќе спречите создавање на кристали мраз во сладоледот.

– Во поголем сад сипете 2,5 л вода и додадете 250 гр сол. Промешајте за да се истопи солта. Потоа садот ставете го во замрзнувач и оставете го да стои преку ноќ. Утредента ќе добиете многу ладна вода со малку мек мраз. Со лажица скршете го горниот слој на мразот за да се измеша со водата. Таа полуразладена вода има околу -18 степени и се уште не е чист мраз.

sladoledPodgotovka1

– Потопете го садот со смесата за сладолед во тој студен солен раствор. За околу 15-тина минути сладоледот ќе се стегне.

– Сега земете миксер и почнете да го матите сладоледот неколку минути додека садот е се уште во солениот раствор. Тоа треба да го направите затоа што со матењето ќе влезе доволна количина воздух во смесата, така што таа ќе стане помека и похомогена и исто така ќе и се зголеми волуменот за 50 до 100 %.

– Вака подготвениот сладолед треба да го извадите од солениот раствор и да го ставите во замрзнувач. Во вака подготвен сладолед со сигурност нема да се појават кристали мраз и сладоледот нема да се замрзне.

sladoledPodgotovka2

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска