Внесете го мирисот на Ориентот во вашата кујна …
Потребно е:
3 компири
200 гр спанаќ
1 главица кромид
2 чешниња лук
1/2 страк праз
1 лажиче ким
1 лажиче сол
1 лажица пире од домати
1 лажиче куркума
7-8 лажици масло
по потреба вода
2 лажици нишесте
за роти лепчињата:
300 гр + за посипување брашно
3 лажици + за премачкување масло
1 лажиче сол
околу 100 мл вода
Подготовка:
– Компирот обарете го во солена вода заедно со кимот. Обарете го и спанаќот. Ситно исецкајте ги кромидот, лукот и празот.
– Во тава на рингла ставете 7-8 лажици масло и ставете ја куркумата, а потоа додадете ги сецканите кромид и праз, посолете и пропржете ги и на крај додадете го и лукчето.
– Потоа додадете ги обарените и исцедени компири исечени на оголеми коцки, благо измешајте и сипете малку вода. Поклопете го садот и оставете водата да почне да врие.
– Кога ќе почне водата да врие додадете ги пирето од домати и спанаќот. Убаво измешајте и по потреба додадете уште малку вода.
– Измешајте го густинот со малку вода и додадете ги во јадењето. Измешаје и тргнете го садот од рингла.
– За роти лепчињата помешајте го брашното со солта и маслото и додадете вода да добиете хомогена смеса. Замесете меко тесто и оставете го да се одмори 10-тина минути. Потоа тестото премесете го и поделете го на 10 делови. Секој дел раскујате го со сукало во форма на круг.
– Роти лепчињата печете ги на загреана тефлонска тава. Кога на тестото ќе се направат балончиња превртете ги од другата страна и премачкајте ги со малку масло. По 3-4 минути лебот е печен.