Есента, заедно со помалку сивото, благо меланхолично време, пристигна и во Софија. Но, ноќниот живот тука никогаш не запира…
Бугарската престолнина речиси секоја вечер нуди исполнет престој за туристите и посетителите.
За љубителите на пишаниот збор, на пр., Националниот центар на книгата в понеделник организира средба со повеќе современи бугарски писатели. И кината и театрите тука периодов, како и во цел свет, се отворија и се обидуваат да работат во полна сила.
За утре пак (сабота), е најавена забава со британскиот ди-џеј Џенерал Ливај во познатиот клуб „Сити стејџ“. Забавата почнува во 22:00 часот.
Наредниот петок пак, во „Грамофон“ настапуваат „Топ стоперс“ надополнети со ди-џеј Ду-литл. И оваа забава почнува во 22:00 часот.