Октомври годинава постуден и натпросечно влажен

Од:

Октомври бил постуден и натпросечно влажен месец во споредба со повеќегодошните вредности, покажува статистиката на УХМР.

Темпратурите на ниво на држава биле пониски за 2,4 степени. Во текот на октомври се забележани минимални температути под нулата на речиси сите мерни места. Најмногу денови со негативни температури имало во Берово – 11, а најмалку во Штип – 1. Апсолутна најниска температура од минус 5,1 степен е измерена во Берово на 28 октомври. Највисока, пак, е регистрирана во Гевгелија на 4 октомври кога се измерени 26 степени.

Вкупните месечни врнежи дожд во октомври варирале од 94,7мм во Крива Паланка до 176,7 мм во Маврово. Дневниот максимум бил во Битола на 8 октомври кога наврнале 46мм дожд.

Споредено со просечната вредност за периодот 1981-2010, во октомври годинава наврнале два пати повеќе дожд од просекот.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Портокалова фаза, опасни температури над 40 степени

Катерина Ѓуровски

Пеколни температури, што да правите ако мора да сте надвор

Од силниот ветер падна дрво и повреди жена во центарот на Скопје

Катерина Ѓуровски

УХМР: Утре нестабилно време со пороен дожд, грмежи и град

УХМР: Попладне повторно врнежи, претпазливост на места каде се очекуваат поинтензивни врнежи од дожд