УХМР најавува студен бран со обилни врнежи од снег

Од:

Управата за хидрометеоролошки работи за претстојната ноќ најави врнежи кои почнувајќи од север ќе преминуваат во снег и во пониските места, а пообилни ќе бидат во втората половина од ноќта. До изутрина на повеќе места ќе се формира снежна покривка.

Утре во текот на целиот ден ќе има врнежи од снег, а на места, особено во западните делови ќе бидат обилни (локално над 40 л/м2). Снежната покривка ќе се зголемува, особено на планините (локално и за над 50 см). Позначителна снежна покривка (над 20 см) ќе се формира и во југозападните делови. Поради ниските температури и засилениот северен ветер ќе има појава на голомразица и снежни наноси.

Повремени врнежи од снег ќе има и во понеделник, а потоа во следните денови ќе преовладува студено време со услови за провејување на слаб снег.

Во Скопје почнувајќи од денес во ноќните часови и во текот на утрешниот ден ќе има врнежи од снег, повремено пообилни. До утре изутрина ќе се формира снежна покривка која во текот на денот ќе се зголемува. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Повремен снег ќе има и во понеделник.

Би можело да ве интересира

На Плетвар магла, на Ѓавато слаб снег

Слаб снег провејува во Кичево, Пресека и Буково

Поради снегот, Итната помош во Скопје деновиве имала 254 интервенции

Студено со снег и забрани и предупредувања за движење на критичните точки

Забрани за товарни возила низ државава, снежни врнежи се очекуваат и ноќва

А1он

Постаро лице заглавено од снежни наноси во својот дом во Кочанско, одбива евакуација