Научниците од Оксфорд кои го истражуваат морското дно на 300 метри длабочина околу Бермудските Острови, открија десетици досега непознати морски видови на флора и фауна, објави „Дејли меил”.
Меѓу новооткриените видови се мали ракчиња, алги, црн бодликав корал, јагули, риби.
Мисијата е организирана од здружението за проучување на океаните „Нектон”, а морските биолози ангажирани за неа, се од Оксфордскиот Универзитет и од 12 други институти за морски истражувања, вкупно 80 лица.
– Знаејќи дека водите околу Бермудите се веќе доволно истражени, не очекувавме толку многу и толку разновидни нови видови на животински и растителен свет, изјави проф. Алекс Роџерс од тимот научници.