Охриѓани ќе им нудат на туристите вино чувано на дното на езерото

Од:

Вино разладено на идеална температура, сместено на дваесетина метри длабочина на дното на Охридското Езеро. Тоа е новата атракција што ќе биде на понуда за туристите во Охрид од оваа летна сезона.

Идејата не е нова, такви искуства веќе се достапни за туристите на неколку локации во областа на Средоземјето, но ова е првпат такво искуство да се проба на Охридското Езеро.

Нуркачи од Клубот за подводни дејности од Охрид ја поставија специјалната метална корпа за сместување на виното во водите на Езерото недалеку од брегот кај селото Трпејца. Внатре ќе бидат поставени 250 шишиња вино на „Далвина“, што ќе се послужуваат по желба на гостите во ресторан во Трпејца.

Зоран Тунтев, ескперт по туризам и иницијатор на повеќе проекти за промоција на туристичката понуда, вели дека замислата е да се заинтригира вниманието на гостите со некоја посебна понуда, притоа посочувајќи дека таквото вино послужено во топлите летни денови поседува особен шмек.

Би можело да ве интересира

Љутков: Во наредниот период Охрид ќе стане центар со 365 денови културен туризам

A1on

Езерската полиција спасила две малолетни лица во водите на Охридското Езеро

Предраг Петровиќ

Охридското крајбрежје заробено од непознати изведувачи – Левица со барање за инспекциски надзор

Земјотрес со интензитет од 3,2 степени според Рихтер реистриран во подрачјето на Охрид

Спасено лице од Англија што паднало во Охридското езеро

Предраг Петровиќ

Кај Елшани спасен холандски турист со скршена нога