Охридското Супер радио ќе се обиде да влезе во Гинис

Од:

Охридското Супер радио утре ја започнува акцијата за соборување на Гинисовиот рекорд за најдолга радио емисија, која во моментов ја држи радиото Кисс Фм од Германија со 74 часа.

Радиото во чест на денот на ослободувањето на Охрид и својот роденден, ќе направи обид да биде првата Радио станица од Република Македонија која ќе го подобри Гинисовиот рекорд за најдолга радио емисија, со што добриот глас за Охрид и Република Македонија ќе стигне насекаде во светот велат од Супер радио.

„Специјалната роденденска програма ќе започне во недела на 4-ти ноември точно во 08:00 часот и е предвидено да трае до 7-ми ноември напладне.

– Водители на целиот проект ќе бидат Жанко „ЗШ“ Голабоски и Сашо Митаноски, потпомогнати од најголемиот дел од луѓето кои изминативе 20 години напишале некој дел од приказната наречена Супер радио. Низ отворената програма ќе продефилираат првите луѓе на градот, но и голем дел од луѓето кои секојдневно ставаат печат на јавниот живот“ велат од Супер радио.

Целиот настан, покрај на 97.00 ФМ во регионот кој го покрива станицата, во аудио форма ќе се пренесува во живо и на интернет мрежата. Исто така преку платформата на Веб Макс Тв ќе оди во живо и во видео форма.

Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

Охриѓанец со нож повредил тројца, приведен е

Охрѓианец избран за јавен правобранител, продолжил да си работи и како адвокат

Катерина Ѓуровски

Во сообраќајка тешко е повредено 18-годишно момче од Охрид

Во сообраќајка во Охрид тешко е повредена жена

На конференција во Охрид ненадејно почина поранешен шкотски премиер

A1on

Претреси во Охрид поради лихварство и изнуда, уапсено е само едно лице