Супер радио од Охрид го сруши светскоиот рекорд за најдолга радио емисија

Од:

Охридското Супер радио претпладнево постави нов светски рекорд во најдолга радио емисија. Радиото со 75 часа радио емисија без прекин го сруши рекродот кој до овој момент го држеше германското радио Кисс ФМ со 74 часа.

Обидот да се сруши рекордот започна во неделата на 4 ноември точно во 8 часот. Супер радио стана прва радио станица во Македонија која го подобри Гинисовиот рекорд за најдолга радио емисија Водители на целиот проект беа Жанко „ЗШ“ Голабоски и Сашо Митаноски, потпомогнати од најголемиот дел од луѓето кои изминативе 20 години напишале некој дел од приказната наречена Супер радио.

Низ отворената продефилираа првите луѓе на градот, но и голем дел од луѓето кои секојдневно ставаат печат на јавниот живот“ велат од Супер радио.

За цело време за здраствената состојба на екипата на радиото се грижеше посебна медицинска екипа, но како што информираат од радиото се поминало без проблеми, и се задоволни од постигнатиот успех.

Сега останува уште Гинис да го прифати рекордот.

Би можело да ве интересира

Охриѓанец со нож повредил тројца, приведен е

Охрѓианец избран за јавен правобранител, продолжил да си работи и како адвокат

Катерина Ѓуровски

Во сообраќајка тешко е повредено 18-годишно момче од Охрид

Во сообраќајка во Охрид тешко е повредена жена

На конференција во Охрид ненадејно почина поранешен шкотски премиер

A1on

Претреси во Охрид поради лихварство и изнуда, уапсено е само едно лице