Огнени шпагети

Од:

За сите љубители на луто …

Потребно е:
500 гр шпагети
300 гр лут ајвар
700 мл сок од домати
3 рамни лажици мед
1,5 лажица брашно
сол
масло
свежи или маринирани феферонки
магдонос или рукола салата

Подготовка:
– Во еден сад измешајте ги ајварот, сокот од домати и медот и ставете ги да се варат. Кога ќе провријат намалете ја температурата и додадете го брашното разматено со малку вода и продолжете со варењето додека да дојдете до саканата густина. Почесто промешувајте ја смесата. Посолете по вкус.

– Шпагетите сварете ги во солена вода, исцедете ги и прелијте ги со 2-3 лажици маслиново масло за да не се залепат. Убаво измешајте ги.

– Сварените шпагети прелијте ги со подготвениот сос и декоријате ги со феферонките и листови свеж магдонос или рукола.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска