Од речиси пуст остров, еден човек направи оаза

Од:

Пред околу 40 години, Индиецот Џадав Пајенг, кој живее на најголемиот остров на реката Брамапутра, Маџули, одлучил да сади по едно дрвo дневно.

Резултатот е неверојатен. Шумата сега покрива површина од речиси 550 хектари. За споредба, њујоршкиот Централ Парк зафаќа само половина од таа површина.

Неконтролираната сеча на дрвја минатиот век придонесе Маџули – од богата шума да се претвори во пустина, без речиси никаков животински и растителен свет. Островот е под постојана закана од ерозија на тлото, а работите се искомплицирале по големата поплава која 1965 година, која го опустоши островот каде живеело семејството на Пајенг. За среќа, овој локален жител не се помирил со тоа.

Имено, по повеќедецениски напори на упорниот Индиец, речниот остров повторно наликува на оаза полна живот. Со враќање на вегетацијата, на Маџули се врати и фауната. Сега таму живеат стотици слонови, како и голем број тигри, носорози и елени.

Речниот остров Маџули повторно наликува на тропски рај, а Пајенг е најодговорен за овој „препород“.

За него во 2013 година е снимен и кус документарен филм.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска