Една американска компанија планира изградба на подземна железница, која ќе функционира на принцип на магнетна левитација и достигнување на брзина од неверојатни 6.500 километри на час.
Тоа значи дека ЕТТ (Evacuated Tube Transport) ќе може да превезува патници од Њујорк до Пекинг за само два часа.
Компанијата ЕТ3 планира првата таква железница да почне со работа за неколку години, но за почеток ќе превезува исклучиво товар.
Дерил Остер, основач и генерален директор на ЕТ3 доби идеја да го направи таквиот систем на превоз кога во ’80-те години на минатиот век ја посетил Кина.