Од каде е мистериозната дупка на Меѓународната вселенска станица?

Од:

Руските астронаути во наредните денови ќе се обидат да ја решат мистеријата со дупката која што се појавила на надворешната страна од Меѓународната вселенска станица. Екипажот тргнува со намера да ја истражи и доколку може закрпи мистериозната дупка.

Дупката е пронајдена уште летото на руското летало „Сојуз“. Поради тоа астронаутите и тие кои се грижат за безбедноста на станицата се загрижени. Екипажот се обиде да ја закрпи дупката и успеале да ја запечатат и да спречат да се намали притисокот во станицата.

Сепак прашањето од каде се појави таа дупка останува неодговорено. Едни заговараат дека станува збор за саботажа од американските астронаути, додека други сметаат дека настанала случајно за време на бушење при правење на капсулата.

Руските астронаути Олег Кононенко и Сергеј Прокопев ќе започат шестчасовна прошетка по надворешната површина на „Сојуз“. Тие ќе се обидат да ја закрпат дупката, како и да земат примероци кои би ги однеле на анализа.

Кононенко, кој претходно овој месец пристигна на станицата со астронаутот Ен Меклајн од НАСА и Дејвид Сеит-Џекус од Канада, изјави дека е потребен силен напор за прошетката.

– Тоа ќе биде и психички и физички предизвик, рече тој.

Генералниот секретар на „Роскосмос“ Дмитриј Рогозин во септември кажа дека дупката веројатно е предизвиката од микрометеорит и дека специјална комисија работи на изнаоѓање на вистинскиот причинител.

Тој уште тогаш демантираше дека се смета оти за дупката се криви Американците и истакна дека тоа е само медиумски спин.

Би можело да ве интересира

Блумберг: Америка тврди дека Русија ќе испрати нуклеарно оружје во вселената оваа година

Не сме сами: се појавуваат докази за живот во вселената

Предраг Петровиќ

Астронаутите инсталираа нови соларни панели на ISS

Ана Ололовска

Најголемата вселенска експлозија: Научниците никогаш не биле сведоци на нешто од вакви размери

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Лансирана најголемата ракета во историјата: полета, па набрзо експлодира и потполно се распадна

Ана Ололовска

Научниците открија повторлив радио сигнал од планета со големина на Земјата