Научници создале очила кои би можеле да го трансформираат начинот на кој далтонистите го гледаат светот околу себе.
Очилата се со розеви стакла, кои ги зајакнуваат црвената и зелената боја и им овозможуваат на далтонистите подобро да ги разликуваат овие две бои.
– Главниот проблем кај далтонистите е тоа што тие не ја гледаат разликата меѓу црвената и зелената боја, што е случај и кај мене. Меѓутоа кога првпат ги ставив очилата без воодушевен. Едноставно ги забележав боите, изјави доктор Даниел Бор од Универзитетот во Сасекс.
Очилата Oxy-lso, првично направени за медицинска употреба, се дело на американскиот научник Марк Чангизи и нивната цена изнесува 222 евра.
Сепак овие очила имаат недостатоци. Можат да ги направат жолтите предмети речиси невидливи.
Далтонизмот се појавува кај еден од 12 мажи и кај една од 200 жени на светот. Повеќето од нив не ги разликуваат црвената, зелената и светло сината боја. Постојат повеќе видови на ова нарушување, но во повеќето случаи генетски се наследува од мајката.