Колачиња филувани со вкусен жолт крем …
Потребно е:
3 листови обланда
9 белки
450 гр шеќер
240 гр ореви, крупно сецкани
за кремот:
9 жолчки
220 гр шеќер
250 гр маргарин (наместо маргарин може да употребите путер)
Подготовка:
– Во еден сад ставете 3 белки и 150 гр шеќер и изматете ги убаво со миксер да добиете цврст шлаг. Шлагот премачкајте го преку првиот лист од обланда. Посипете со сецкани ореви (околу 80 гр).
– Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 150 целзиусови степени околу 15 минути.
– Истата постапка повторете ја три пати, односно испечете ги сите три листови обланда со шлагот и оревите на нив.
– Во меѓувреме подгответе го кремот. Ставете ги сите жолчки со шеќерот во еден сад и изматете ги убаво. Потоа кремот ставете го да се вари на пареа со постојано мешање додека не се згусне.
– Оставете го кремот да се излади малку па во него додадете еден изматен маргарин или путер.
– Потоа филувајте, односно врз првиот лист обланда премачкајте 1/3 од кремот. Одозгора ставете го вториот лист обланда и нанесете уште 1/3 од кремот. Повторете ја истата постапка и со третиот лист обланда.
– Готовиот колач ставете го малку да се излади и стврдне пред да го сечете.